Саламата исечкајте ја на ситни коцкички. И власецот ситно исечкајте го. Потоа измешајте ги сите состојки за фил, при што ќе додадете од зачините и сол по вкус.

Јајцата изматете ги густо, додадете малку сол и мешан сув зачин (јас намерно го пропуштив, ете, така ми дојде...).
Потоа додавајте ги постепено и редоследно водените состојки и матете со најмала брзина на миксерот, па на крај постепено и сувите.

Мафините можи да ги печите директно во калапите кои секако претходно ќе ги намастите или пак во хартиени корпиња. Ако се одлучите за ова второво, употребете помрсни корпиња, а доколку се покнижни, тогаш вадењето од нив додека целосно не изладат е тешко. Или пак и нив (корпињата) со четка намрсете ги.

Во секое калапче се става по 1 лажица од смесата за тесто, па потоа по едно лажиче од филот и на крај повторно по една лажица од смесата за тесто.
Одозгора можи да ги украсите со семки по желба (јас заборавив, ама ич не ми е криво : ) ).

Печете ги на 170С околу 20на минути.

Можат да се служат и ладни и топли. Јас најчесто сакам се веднаш дур е топло да јадам, но овие беа за носење, па така да ги вкусив и топли и ладни и секако се добри, но ладни имаат поубав пресек. На самата слика едно залутано успеав да го сликам после ноќевање ; )

Од оваа доза ми излегоја 18 мафини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови