Од оваа смеса излегуваат 12 мафини.
Прво со жица за матење се матат јајцата.
Се додаваат сите течни состојки и повторно се мати.
Потоа се додаваат двата вида на брашно и печивото.
На крај се додава ренданото сирење, младото кромитче(се сецка и зелениот дел) и ренданиот морков. Се' убаво се меша.
Смесата се става во намрсено калапче за мафини и се пече во загреана рерна околу 20 минути на 180 степени.
На здравје!
Филџан 125мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови