Ви се највуваат гости во 5 за 12 и се разбира сакате да спремите некое мезе. Најчесто јајца, брашно и сирење секогаш ни се наоѓаат по дома, па затоа се одлучив за овој стар рецепт кој пред 10 години го добив од една моја комшика. Овие крофнички многу често заедно ги правевме за родендените на децата кога славевме по игротеки. Доколку се направат и претходниот ден не се воопшто лоши како мезе за со пиво.
Се матат јајцата во еден сад, во него се додава ситно дробено сирење, чајната исецкана на мали коцкички, зачиите и брашното кое претходо е помешано со пецивото. Во Делимано тава се загрева маслото и од подготвената смеса со мала лажичка се пуштаат крофничките во тавата. Се пржат на умерена температура додека да поруменат од двете страни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови