Во еден сад ги соединуваме дробеното сирење, сецканиот морков и ренданото, неисцедено од сопствената течност тикве.
Во вангличка ги ставаме јајцата, солтта, биберот и кратко соединуваме со миксер.
Потоа додаваме масло, млеко, крем сирот, соединети брашно и пециво, и сирењето со зеленчукот.
Со лесни движења ја соединуваме смесата.
Ја истураме во нелеплива тава и по површината наросуваме сусам и лен.
Печиме околу 30 минути во загреана рерна.
Потполно изладената солена пита ја сечиме на коцки и сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани