На малку загреано масло го запржуваме кромидчето.
Оставаме да се излади.
Во еден сад ги соединуваме ренданиот компир, морков, јајце, мелено месо, изладеното кромидче, зачините, сусамот, магдоносот.
Со рака или вилушка ги соединуваме сите состојки.
Во малку намастена мала ростер тава со рака ја распоредуваме смесата,
Малку попрскуваме со масло и наросуваме чурек.
Печиме во загреана рерна околу 30 минути.
Оставаме да се излади и сечеме на коцки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани