Прво во еден подлабок сад ги мешаме сите суви сосотојки со лажица. Кон ова, ги додаваме белото вино и сончогледовото и маслиновото масло. Продолжуваме да мешаме со лажица. Кога се убаво ќе се спои смесата ја ставаме на побрашнета површина и го доработуваме тестото со раце.
Потоа од тестото со сукало развлекуваме кора со дебелина од 1 сантиметар. Со помош на разни модли вадиме разни колачиња и ги редиме во плех на хартија за печење.
Солените колачиња ги печеме во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
Чашата со која го мериме брашното е чаша од 250 милилитри.
Ако Ви е потребно здрав појадок или брзо мезе, солените колачиња се вистинскиот избор за Вас.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови