Уште на старт да ви кажам, ако се решите да го пробате овој рецепт да си ја дуплирате дозата без двоумење, инаку ќе ви се многу малку.

Тиквичките се рендаат и се посолуваат и се оставаат така 5 минути додека се приготват останатите состојки.
Маслинките се сечкаат на многу ситни коцкички, брашното се меша со пецивото, а маргаринот се топи.
На крај сите состојки се додаваат во садот со рендание тиквички и убаво, компактно се се меша. Се посолува според желба.
Се ставаат во намастена и загреана ваферка и се печат.
Можи да ги послужите со павлака и маслинки или пак со јогурт и зелена салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани