Уште една одлична комбинација на солени бомбици кои се убави на око ама и вкусни. Нека трпезата ви биде различна и декоративна.

Подготовка
1. Путерот пенасто го матиме па ги додаваме сирењата, фетата ја гмечиме, а тврдото сирење го рендаме.
2. Ја додаваме куркумата и сечканите пилешки гради, соединуваме со лажица.
3. Ги додаваме ренданите јајца и поле со мешање соединуваме.

Забелешка
Може и друга врста на чадено месо да употребите, јас овде додадов малку и свинско чадено.
Интересни се и валкани во сусам или сечкан свеж магдонос. Јас сакав да ви ги прикажам во оригинална состојба и не ги валкав во ништо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани