Компирот и морковот ги вариме, па ги пасираме.
Крекерите ги мелиме во блендер, па ги мешаме заедно со зеленчукот, павлаката и сирењето рендано.
Морам да напоменам дека мерките се приближни, бидејќи не мерев кога ги правев, додавајте павлака малку по малку, колку да се соедини смесата, да може да се направат бомбици, а да не дојде премногу мека.
Дел од мелените крекери оставете за валкање на бомбиците.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови