Зимска, снежна и многу нежна солена торта.
Брза за подготовка, практична и најбитно многу вкусна.
Ако ги имате сите продукти, а јајцата сте ги свариле и се изладиле, подготовката не одзема повеќе од петнаесетина минути.
Подготовка
- Ги отстрануваме закривените крајчиња од парчињата тост леб, ставаме 4 парчиња во првиот ред. Ги мешаме сите состојки од првиот фил и нанесуваме врз лебот.
- Редиме втор ред леб, ги мешаме сите состојки од вториот фил, нанесуваме врз лебот.
- Го редиме третиот ред тост леб, ги мешаме состојките од третиот фил и нанесуваме одозгора и од страните. Ако не ви стигне фил за по страните, дополнително премачкајте со кисела павлака.
Оставете во фрижидер да отстои една ноќ за да се впијат филовите и лебот, затоа најзгодно е тортата да се прави навечер.
Другиот ден декорирајте по желба.
Користете кисела павлака со најмалку 20 % масленост за подобра густина на филовите. Од повеќе вакви видови на торти, комбинацијата на вакви состојки во филовите, најмногу ми се допаѓа. Пробајте !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани