1. Тиквичките ги лупиме и ги рендаме, ги посолуваме и оставаме да се цедат.
2. Морковите ги чистиме и ги рендаме.
3. Сушените домати ги сецкаме.
4. Во длабок сад ги ставаме ренданите тиквички, морковите и јајцата и промешуваме. Ги додаваме сите останати состојки, промешуваме.
5. Смесата ја ставаме во stone legend округла тава претходно премачкана со маслиново масло. Врз смесата ставаме семки од сончоглед.
6. Печиме во загреана рерна на 180 степени 30-40 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани