Во вангличка ги ставаме јајцата, ја додаваме солта и кратко соединуваме со миксер. Го исклучуваме миксерот.
Потоа ги додаваме маслото, јогуртот, малку бибер, сецканиот исцеден спанаќ, пецивото, брашното.
Убаво со шпатула сето го соединуваме и ја истураме смесата во тава бр 24, која претходно сме ја обложиле со хартија.
Одозгора редиме парчиња моцарела, попрскуваме лен и сусам и печиме околу 25 минути на 200 степени.
Подизладена ја сечиме на парчиња, декорираме со кисела павлака и ротквици и послужуваме.користена е чаша од 250мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани