Солена крцкава торта со фил кој си го подготвувате по ваш вкус и желба. Мене вака ми се допадна и ова беа состојките што јас ги ставив. Исто така може да се исечка тортава и на мали коцки па да се сервира како канапеи. Служењето го ставам на вашата фантазија и потреба. Нека ви е на здравје!

Подготовка
Подготовка на кори
Ја вклучуваме рерната на 200 степени.
Ги делиме жолчките од белките. Белките ги матиме во цврст снег. Жолчките ги матиме па во нив ги додаваме брашното, пецивото, мелените кикирики, млекото и солта. Соединуваме. Ги додаваме белките и внимателно соединуваме со шпатула. Потребно е смесата да ни остане воздушеста.
На дното на тавата за печење распоредуваме сечкани кикирики. Ја распоредуваме смесата и печеме во загреана рерна околу 10-15 минути.
Пробуваме со чепкалка дали ни е печено тестото.Го оставаме да се излади, па го делиме на половина.
Подготовка на фил
Саламата ја сечкаме на ситни коцки, магдоносот го сечкаме и сите останати состојки (јајца, пченка, сирење, мајонез, павлака, кикирики, бибер) ги соединуваме.
На едната половина од тестото го ставаме целиот фил, па поклопуваме со втората кора.
Премачкуваме со кисела павлака и рендаме кашкавал.
Украсуваме по желба.

Забелешка
Кикириките што ги користев беа печени несолени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани