Јајцата напрво ги матиме со миксер. Потоа го додаваме јогуртот, брашното и прашокот за пециво. Откако ќе добиеме хомогена смеса ги додаваме зеленчукот и миксот од семиња и мешаме со лажица. Вака добиената смема ја ставаме во претходно набрашнет куглов, ама може и во обично тепсивче да ја ставите, зависно што имате дома.
Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути и ова зависи колку ви пече шпоретот, но секако најдобро е да провериме дали е готова на оној стандарден начин со чепкалка за заби.
Откако е готова сервираме и јадеме по желба, зависно од личниот вкус. Јас обично ја комбинирам со сирење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови