Тиквичките изрендајте ги, убаво изцедете го од нив сокот, додадете брашно, јајца, лукче, посолете, додајте зачини и ставете една лажичка пециво. Се' убаво промешајте.
На загреано тавче ставете од смесата на целото тавче. Испржете три кори.
За фил
Во мајонезот додадете изрендано лукче, малку магдонос и посолете.
Јајцата и патлиџанот исечете ги на кругчиња.
Секоја кора намачкајте со мајонез, врз него ставете јајца, патлиџан и шунка, поклопете со втора кора, врз неа исто ставете мајонез, јајца, патлиџан и шунка, покријте со трета кора. Третата кора намачкајте ја со мајонез, ставете малку дробено сирење, наредете патлиџан и посипете со магдонос за украс.
Оставете еден час во фрижидер.
Многу вкусна солена торта пробајте.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани