Најпрво се прават 3 теста од по
2 јајца, 50мл.масло, 125мл. јогурт, 6-7л.брашно и едно пециво се дели на трите теста. Тестото треба да е малку подебело од она за палачинки.
Првото тесто без додатоци да биде жолто.
На второто се додава малку црвена пипер да биде црвено, а
на третото или сецкан магдонос или може обарен спанаќ.
Се печат во подмачкан плех на хартија за готвење на 200 степени околу 20тина минути.

За филот

Се бие маргаринот убаво. Најдобро е да е стоен на собна температура. Потоа се додаваат останатите состојки. Со павлаката внимавајте може да треба помалку.

Откако филот ни е готов и тестата изладени филуваме, ред тесто ред фил се завршува со тесто.

Одозгора може да видите подолу имам декорирано со кисела павлака, чиа семе и по една боровинка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови