Најпрво од наведените сосотојки замесуваме тесто, со постепено додавање на замлачена вода - можеби ќе ви треба помалку/повеќе, видете според тестото. Го оставаме на кисни околу 1 час.
Го премесуваме тестото и го делиме на 3 дела. Од секој дел расукуваме кора во вид на правоаголник со должина колку плехот во кој ќе печиме.
Во средишниот дел по должина, ставаме фил - кечап, оригано, салама (во едниот дел јас ставив ајвар и маслинки), а краевите ги сечиме на ленти, но малку закосено (види на сликата). Потоа го затвораме филот, така што префрлуваме лента од едната страна, па над неа од другата страна (да се преклопат).
Ги оставаме плетенките да киснат околу 30 минути, па премачкуваме со јајце, и наросуваме оригано.
Ги печеме во загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови