
12
јул
2018
Сок од рибизли
Рибизлите измијте ги во ладна вода, исцедете ги, ставете им лимонтус и 4 литра вода. Измешајте ги и оставите да стојат 24 часа. Наредниот ден ставете ги на шпорет да провријат, оставете да оладат и преку преса добро испасирајте ги.
Во течноста ставете го шеќерот и вратете на оган да проврие. Од кога ќе зоврие, варете 5 минути и повремено собирајте ја пената со лажица. Врел сокот соберете го во стерилизирани шишиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови