1. Најпрво се чистат вишните од семките. Се ставаат во длабок сад и се преливаат со вода колку да се покријат вишните. Се гмечат со алатка за гмечење и се остава да постои 4 саати.
2. Потоа се цедат вишните низ газа и се мери течноста. Кај мене имаше 4 литра течност и ставив 4 кг шеќер. Во него ставив 4 лимонтуси. Се остава да се стопи шеќерот промешувајки неколку пати. Тоа да биде околу 3 саати.
3. Го ставам сокот за растворање во пластични шишиња и го замрзнувам. Така ми е најдобро и најсигурно. Кога ќе се одмрзне може да стои во обичен фрижидер околу 1 месец и нема да се расипе. Значи НЕ ГО ВАРАМ сокот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани