Постапка
- Доколку се сомневате во квалитетот на водата, тогаш провријте ја. 5 л. вода и оставете ја да олади. Во оладената вода ставете го цветот од бозделот кој што претходно многу нормално дека е измиен - лимунтусот и насечениот лимон, покријте и оставете да одстои 24 часа. По истекот на времето - процедете го.
- Во 1 л. вода ставет го шеќерот и нека проврие. Повремено мешајте додека се истиот стопи, па така врел ставете кај процедената вода со бозделот. Така повторно оставете го да одстои 24 часа. Веќе е спремен - налијте го во шишиња, затворете и тоа е... уживајте во секоја голтка.
Напомена
- Кај нас овој сок не стои многу и не можам да кажам колку време може да стои на полците, сум се изнаслушала и изначитала дека не стоел многу време, бргу се расипувал.. па така по предлогот на нашата Клара Босс - ги ставив затворените шишиња во машината за садови, вклучив и наредниот ден ги извадив.. и пак нема да можам да кажам колку ќе може да издржи.. нешто поклонив, нешто на брзина пак се пие... не знам- ќе ми остане непознаница - ако некој дочувал од овој сок - нека каже колку време може да стои. Знам дека ако му ставам конзерванс дека ќе стои.. јас сакам вака свеж,без други посебни додатоци..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани