Овој рецепт испадна сосема случајно,ама резутатаот испадна ,,вкусен,, па решив да го споделам со вас. Идејата беше да ги искористам дуњите, а имав и грозје, па решив да направам малку сок.

Го измив овошјето и со 1 литар вода и 3 лажици кафеав шеќер, го ставив малку да проврие. Овошјето го изблендирав заедно со водата и низ цедалка ја поминав добиената смеса. Густиот дел(отприлика половина литар) го оставив на страна.
Во процедениот сок додадов уште половина литар вода и повторно го оставив да зоврие. Сокот го собрав во чисти и суви шишиња.
Кон густиот дел што остана на цедалката, додадов 8 лажици чиа семе, промешав, го затворив садот и го ставив во фрижидер. Утредента кон веќе згуснатата смеса со чиа семе, додадов исечена банана и цимет и добив ароматичен и вкусен десерт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови