На ниска температура во тенџере се ставаат шеќерот и водата да зовријат и да вријат 5 минути. Се тргна на страна и се меша маргаринот додека се растопи.
Откако ќе олади се додаваат бисквитите и бадемите и се заедно убаво се меша.

Филот се дели на 2 дела. Во едниот се додава кокосот, а во другиот стопеното чоколадо.

Листовите обланда предходно се омекнуваат во мокра крпа.
Во едниот се премачкува со кокосовиот фил, на почетокот се редат бананчињата и се витка во ролат.
Другиот се премачкува со црниот фил, врз него на почетокот се става првиот ролат и се заедно се витка во ролна.

Се остава неколку часа во фрижидер пред да се сечи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови