Многу вкусен сладолед од чоколадо направен во домашни услови. Од овие состојки ќе добиете 1 кг готов сладолед.

Најпрво се одделуваат белките од жолчките. Белките се матат со половина од шеќерот во цврст снег, а жолчките со останатиот шеќер и бурбон ванилата.

Чоколадото се топи на водена бања и се додава во жолчките. Убаво се промешува и се додава киселото млеко.

На страна се мати шлагот/слатката павлака. Па се додава и таа во смесата со жолчки и снегот од белките. Внимателно и детално се меша со шпатула или пак полека со мала брзина на миксерот.

Смесата се префрла во еден или повеќе садови за замрзнување и се остава во замрзнувач најмалку 6 часа пред служење.

* Додека ја сместувате во садовите за замрзнување, можи и да си поиграте малку со изгледот и декорацијата. Во еден дел да ставите какао и не комплетно да го измешате со посветлиот, да додадете течно чоколадо на истиот начин, да нарендате ситно чоколадо одозгора...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани