Иако помина натпреварот со шербетните прекраснотии и видовме и испобавме многу убави десерти, сепак, јас пак се решив да си се пробам со нешто парено или потурено како што си го викаме по битолски. По овој рецепт, шеќерпарињата ми излегоа најубави и што е најважно - скоро сите останаа читави и не испукаа. Јас имам споделено уште еден рецепт за шеќерпаре, на вкус и тие се предобри, но во овие се заљубив.
Од оваа количина ми излегоа 30 парчиња.

Се мати прво јајцето и се додаваат останатите состојки и се мати со миксерот. На крајот се замесува тестото со рака.
Се кини по малку од тестото, се оформуваат топчиња, па малку се сплескуваат и и се редат на плех (не го намастив плехот оти има доволно масло во самото тесто). На средината од секое парче се става лешник.
Вака подготвените шеќерпариња, се оставаат половина час.
После се печат во загреана рерна на 180 степени околу половина час или повеќе. Треба да добијат убава боја и да се стврднат.
Шербетот се прави со варење на водата со шеќерот 10тина минути.
Кога ќе се испечат колачињата, така жешки се полеваат со оладениот шербет. Веќе за половина час ќе го впијат шербетот и ќе бидат спремни за јадење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови