Што да ви кажам, питава е совршенство, буквално се топи в уста, не можиш да престаниш да јадиш. А комбинацијата на јаболко и цимет е магична!

Начин на подготовка

Се мешаат убаво сите состојки за тестото со лажица, а на крајот замесете со рака колку да го соедините тестото во топка. Ставете го во фрижидер додека го подготвувате филот од јаболка.

Изрендајте ги јаболката и ставете ги да се пржат во Делимано нелеплива тава без масло додека не испари течноста. Додадете ванила и канела по 15тина минути измешајте и ако има потреба уште пржете додека ја снема течноста. На крајот додадете го медот.

Пригответе го тавчето за печење со обрач број 26. Намастете го со масло.
Тестото извадете го од фрижидер и поделете го на два дела. Едниот дел расплескајте го во тавчето, а додека го правите тоа, другото тесто ставете го во замрзнувач за да не ви омекне многу.

Нанесете го филот врз расплесканото тесто, а вториот дел од тестото раширете го на набрашнета површина, попрскајте одозгора брашно и натапкајте го и исечете го на ленти.

Полека наредете ги како на сликата.
Печете во загреана рерна на 160 степени околу 45минути

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови