Подготовка
 Ова е еден од моите омилени чизкејкови. Oбожувам кога е нешто поразлично од она што е стандардно клише за чизкејк....како и Орео чизкејкот кој понапред го објавив...

Основа
Како и секоја друга така и оваа основа, се соединуваат мелените бисквити со растопениот путер и млекото и се расплескуваат со рака на дното на силиконскиот алап на Делимано кој јас го обложив со хартија за да можам покомплетно да го извадам од калапот. Се остава да се лади основата а за тоа време веднаш се подготвува првиот чоколаден слој на овој чизкејк.

Чоколаден дел
Вај кремот се мати со миксер заедно со шеќерот и во него се додава растопеното чоколадо. На страна се мати малку слатката павлака и се додава во претходната смеса. Овој фил се распоредува врз основата и се става да се лади додека се подготвува другиот слој на чизкејкот.

Сникерс дел
Маскарпонето се мати со шеќерот. Во него се додава путерот од кикиритки и ситно мелените кикиритки. На страна се мати малку слатката павлака и потоа таа се додава во претходното. Убаво се соединува па и овој дел се премачкува врз чоколадниот дел на чизкејкот.

Ганаж
Во сад, на пареа се растопуваат слатката павлакаи чоколадите и со него се прелева чизкејкот во калапот. Веднаш врз ганажот се попрскува со сечкани кикиритки и се остава да се излади убаво неколку часа чизкејкот пред да се сече.

Овој чизкејк за разлика од другите кои во својот состав имаат и желатин, нема проблем ако се замрзнува. Јас го сакам дури и повеќе кога е полузамрзнат бидејќи е одличен за овој период од годината.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани