Една од највкусните торти кои ги имам направено..

- За подлогата се мешаат наведените состојки, смесата се распоредува еднакво во калап бр.24. Се остава во фрижидер да се стегне.
- Во сад или робот се миксира маскарпонето, шеќерот и киселата павлака 1-2 минути, потоа се додава слатката павлака и се миксира до соединување (филот не треба да е премиксиран, треба да е потечен).
- Чоколадата се топи на пареа и се остава малку да се подизлади, потоа се додава во садот со маскарпонето и се се соединува до воедначена смеса. Смесата ја истураме над приготвената подлога.
- Чизкејкот го оставаме неколку часа 4-5 во фрижидер добро да се стегне.
- Ја загреваме слатката павлака до вриење, па ја додаваме темната чоколада, соединуваме.
- Тортата ја украсуваме најпрво со ганашот од чоколада.
- За карамелот го топиме кафеавиот шеќер, ја додавме слатката павлака и путерот. Готвиме 2-3 минути, оставаме да се подизлади па ги украсуваме страните на тортата, а врз него ги додаваме сецканите кикирики.

Напомена
Препорачувам калапот да се обложи со хартија и да се користи калап со маханизам за отстанување на страните.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови