Еве уште еден предлог во низата смути напитоци за почеток на денот кое решив да го споделам овде како идеја. Сезона на прекрасни плодови е периодов, па еве овој пат идеја со јаготки. Размислувам и со цреши да го пробам истиот состав, но истовремено се мислам колку аронијата ќе им дозволи да си го покажат вкусот, па кога ќе пробам, ќе јавам во коментарите.

Јаготките се чистат, мијат, портокалот се цеди, бананата се лупи и крши и сето заедно со аронијата и ленот се миксира.
Во зависност од големината на плодовите и нивната блажина и спрема лилниот вкус можи да додадете малку вода или мед, агаве сируп и некој друг засладувач по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови