Освежителен и не многу благ пијалок со нане, ананас и банани.

1. Ананасот се чисти и се сече на парчиња и се става во чаша од нутрибулет ( или блендер).
2. Се додаваат парчиња од банана, ванилинот, ливчињата од нане и медот и сето тоа се полева со млеко.
3. Смесата се блендира и се послужува со ливчиња од нане.

Доколку сакате може да се искористи јогурт наместо млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани