Сезона на црешите :)
Црешите ги миеме и им ги вадиме коските.
Коските се вадат со алатка или со безопасна игла, со вртениот дел, не тој кај што се откопчува-закопчува.
Се реди ред цреши-ред шеќер и по малку лимонтус.
Да отстои на ладно преку ноќ или додека пуштат сок, течност црешите.
Се става да се вари на јак оган, но сепак не многу, туку постојано да вари, без промешување, со протресување на тенџерето.
Пената што ќе се појави, се собира.
Се вари 40 - на мин., откако ќе зоврие. Сепак тоа зависи од јачината на огнот.
Се трга од оган, се остава околу 15-на минутки.

За тоа време вадиме од слаткото на тацна, да ја тестираме густината.Течноста треба да е густа, да капи капка по капка, на допир да е леплива...
Го враќаме на оган, уште еднаш да зоврие и го собираме, жешко во жешки стерилни тегли.
Го завиткуваме во старо ќебе и така го оставаме додека се излади.
Потоа на рафтот за зимници.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани