Сезона на црешите, сезона на правење слатка. Ептен ова лето удрив на правење разни слатка и реков да направам и од црвени цреши од нашиот двор.
1. Црешите најпрво се мијат и се чистат од коските и дршките и ги ставаме во голем сад за варење. Ги посипуваме со шеќер и ги оставаме црешите преку ноќ да стојат да пуштат вода. Црешите се наредени во два реда- ред цреши, ред шеќер, ред цреши па најгоре обавезно завршува со шеќер.
2. Откако црешите ќе пуштат сок го сечиме лимонот на кругови и го ставаме меѓу црешите.
3. Слаткото го вариме на средна температура околу 40минути, додека течноста да стане густа како сируп.Кога ќе олади слаткото тоа повеќе ќе се згусне.
4. Ја отстрануваме пената и слаткото го покриваме со влажна крпа до изладување.
5. Слаткото го редиме во чисти тегли и во секоја тегла ставаме 2 круга лимон.Уживајте во вкусот,на здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани