Ова слатко мене ми е најубавото од сите слатка.
Ако си најдете свежи смокви како што јас едвај најдов годинава, направете си го ова прекрасно слатко.
1. Свежите но добро одбрани зрели и здрави смокви, измијте ги и излупете ги.
2. Шеќерот и водата нека зовријат во сируп и по десетина минути полека ставајте ги излупените смокви.
3. Варете на тивок оган со повремено протресување на тенџерето и собирајте ја пената која ќе се појавува.
4. Слаткото се вари околу 2 часа, а потоа се става лимонтусот или наместо него може да се стави сок од половина лимон.
5. Се вари на тивко уште некое време кое зависи од самите смокви, всушност ќе се забележи како се згустил сирупот.
6. Се собира додека е топло во чисти и стерилизирани теглички, бидејќи ако излади во тенџерето, слаткото ќе се здрви и не ќе може да се тура во теглите.
7. Тегличките се затвараат убаво и се оставаат да се изладат. Се чуваат на ладно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани