Вкусно, ароматично....

Исчистените и измиените малини се редат во тенџерето во кое ќе се варат.
Гледаме да ги редиме со отворот на горе, за да навлези шеќер во нив. Се попрскуваат прво со лимонов сок, па со шеќер.
Ги оставаме на ладно да отстојат преку ноќ, да го пуштат сокот.
Другиот ден ги ставаме да се варат. Прво на силен оган, а откако ќе зовријат на малку поумерен, бидејќи можат да претечат.
Пената што се создава ја собираме со лажица.
Слаткото е готово кога на ладна тацна ставаме од течноста и таа е ќе биде леплива и кога ќе се помини со лажицата се остава трага, не се разлева. Тоа е некаде 20 минути варење, откако ќе зоврие, сепак зависи од силата на огнот.
Не се меша, само се протресува тенџерето во текот на варењето.
Го собирам жешко во жешки стерилни тегли.
Го завиткувам во старо ќебе, така стои додека се излади.
Потоа може да се превртат теглите и да се види дали убаво се вакумирале, ако не протечат во ред се.
А, може и да се завитка тенџерето со влажна памучна крпа, така да отстои до другиот ден.Па потоа на оган еден кључ и да се собери во стерилни тегли.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани