Овој вид на слатко од круши се вика Пјатиминутка, оти се вари само 5 минути, вкусот е неодолив, а што арома има во кујната, тоа е посебна приказна... доколку имате многу круши слободно да спремете слаткото за зимоска, нема да згрешите.

1. Крушите се мијат, се чистат од семките и дршките, потоа се рендаат.
2. Изренданите круши се промешуваат заедно со шеќерот и се оставаат на еден час да пушти сокот.
3. Потоа се додава циметот, се мешаат и се ставаат на умерен оган да се зовријат. Отколку слаткото ќе зоврие се вари 5 минути и се трга на страна.

Доколку сакате да спремете за зимоска - слаткото треба да се собира жешка во стерилизирани тегли.
Од оваа количина ми излегоа една и пол тегла.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани