1. Измијте ги црешите и извадете им ги семките. Работете брзо бидејќи исчистените цреши брзо потемнуваат.
2. Кога ќе бидете отприлика малку повеќе од половина готови, ставете го шеќерот со водата на оган да проврие.
3. Откако ќе проврие, варете уште 9 мин. на најсилен оган и потоа додадете ги исчистените цреши.
4. Откако ќе провријат продолжете да ги варите на посилен оган ( на 2,5 од 3 кај мене) уште 30-40 мин. со тоа што садот нема да го мешате туку само од време на време ќе протресувате и ќе ја одстранувате пената. Времете е напишано отприлика, вие ќе си проверувате така што ќе капнувате од сирупот на тањирче за да видите дали е готов.
5. Отприлика десетина минути пред крај додадете ја ванилата, сок од еден лимон и еден лимон исечен на тркалца.
6. Откако ќе се свари слаткото, тргнете го тенџерето од оган, одстранете ја пената ако останало нешто и покријте го садот со чиста, влажна крпа.
7. Така оставете го да одстои 12 часа, а потоа соберете го во чисти, стерилизирани тегли и чувајте го на суво и темно место.
8. Уживајте во вкусот со кафенце и ладна вода!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови