Прво батат компирот го печеме или го вариме, но го оставаме да се процеди од течноста.
Во еден сад ги соединуваме изладениот батат компир, јајцата, млекото, ванилата и некое зрно сол.
Промешуваме убаво за да се изедначи.
Или јас оваа смеса ја ставаив во Нутрибулет и завршив работа за помалку од 2 секунди.
Добиената смеса беше мазна, без грутчиња.
Или може да се помине со стапчест миксер.
Сега ја додаваме киселата вода, промешуваме и постепено од брашното.
Смесата си ја прилагодуваме со брашното, секој си знае, за да не се лепат на тавата.
Ја загреваме тавата, ставаме една до две капки масло.
Ставаме половина кутлача и печиме на среден оган.
Ја превртуваме палачинката и ја печиме од другата страна.
Ги редиме на тајнир.
Ги послужуваме по сопствен избор, со мармалад, слатко, нутела........
До колку сакаме солени палачинки, ја изоставаме ванилата во состојките
Многу кревки, танки, вкусни палачинки.
Денес ги правев во Stone legend презадоволна сум

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани