Приготвувањето на оваа сладоледна торта е многу брзо, а резултатот е многу вкусен и ефектен на око доколку малку само се ангажирате околу украсувањето.

Јаготките се пасираат со алатка. Кој сака можи да остави и некое парченце. Јас користев овој пат замрзнати јаготки и ги ставив со се водата што ја имаа испиштено, одлично испадна.
Изберете јаготки убави и миризливи, бидејќи основата на вкусот на тортата ќе ви зависи од нив.

Во пасираните јаготки додадете го кондензираното млеко и измешајте.

На страна изматете ја павлаката и потоа и таа убаво измешајте или измиксирајте ја во јаготките.

Долгунест калап за векни обложете со најлон или алу фолија и истурете ја смесата во него.

Стопете го путерот и измешајте го со издробените/изблендирани колачиња. Јас користев со вкус на лешници, па тоа додатно го збогати вкусот, но ако немате никакви или не сакате, тогаш и обични или какао бисквити исто така ќе ви завршат работа.

Смесата треба да дојди ронлива, како влажен песок. Распоредете ја врз сладоледот во калапот нежно притискајќи да се спои.

Завиткајте го калапот и одозгора и ставете го во замрзнувач да престои најдобро преку ноќ.

Следниот ден превртете ја тортата врз долгунеста рамна чинија и одозгора укреасете или премачкајте ја со шлаг, јаготки и чоколадни струготини или трошки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани