- Малините и шеќерот изблендирајте.
- Со миксер изработете ја павлаката додавајки го и шлаг фиксот, кога ќе ја добие потребната густина додадете ги крупно изронети целуфките кои ќе ги направите сами доколку имате останати белки или пак земете куповни, со лажица внимателно измешајте. Додадете ги изблендираните малини, повторно внимателно измешајте.
- Добиената количина излијте ја во соодвете калап или модла на откопчување број 24, ставете во замрзнувач да одстои најмалку 24 часа, потоа извадете и нека одстои околу 10 мин, па превртете на тацна...
Декорирајте по желба - ако воопшто дочека декорација.
Напомена
- Доколку имате замрзнати малини тогаш во блендер прво ставете ги заедно со шеќерот, изблендријате. Постепено почнете да додавате од павлаката и шлаг виксот за цело време блендирате се до моментот кога ќе ја добиете саканата густина (исто како сладолед) додадете го целуфките внимателно со лажица промешувајки, излијте во содветен сад.
- Може да се с приготви без овошје чија замена е околу 250 гр. рендана било млечна или чоколада за готвење, 200 гр, крокант.. , малку рум, понатаму се исто.
- Смесата јас ја поделив во помали модли кои ги послав со прозирна фолија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани