Сомелете ги боровинките, додадете ја водата и медот и ставете ги да се варат на умерена јачина на ринглата додека станат како сос. Потоа додадете го лимон шеќерот и по една лажица слатка павлака и кондензирано млеко, па убаво измешајте.
Јас користев оранжериски боровинки, па затоа беше лимон шеќерот. Доколку користите шумски не мора ни да се додава.

Маскарпонето, кондензираното млеко и медот се матат до соединување. Пред крај се додава и екстрактот од ванила и на крај слатката павлака, при што се мати само колку да згусни, никако до голема цврстина кога би можело да стани сиренеста и веќе сладоледот не би бил сладолед.

Ребрест долгунест калап се обложува со стреч најлони нерамномерно се премачкува со дел од сосот од боровинки. Потоа се става 2/3 од белиот крем, па останатиот сос од боровинки кој со едно стапче за ражничи благо се размешува со делот од белиот крем и на крај со останатиот бел крем се израмнува и остава во замрзнувач најмалку 6 часа, а препорачливо праку ноќ да се здрви.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани