За подготовка на сладоледот најважно е слатката павлака, млекото и кајсиите да бидат убаво изладени во фрижидер, а исто така и садот од апаратот за мешање на сладоледот секогаш треба да биде одстојан во замрзнувач најмалку 12 часа.

Подготовка на сладоледот
Кајсиите заедно со шеќерот изблендирајте ги во кашеста смеса. Потоа измешајте ги со павлаката и млекото и ставете ги во садот од апаратот за сладолед.
Пуштете го да работи околу 35-40 мин додека смесата се зацврсти и се направи сладоледот.
Готовиот сладолед префрлете го во кутија и оставете го во замрзнувач да се замрзне.
Послужете го со парчина кајсии и чоколаден прелив или чоколадни трошки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани