Еден предлог за посен сладолед кој може да ви се најде за претстојните Богородични пости, па и на оние што сакаат поздрава варијанта.

Ствавете ги во блендер сите состојки освен маслиновото масло.
Убаво изблендирајте.

Додајте го маслиновото масло и уште малку блендирајте.

Истурете ја смесата во пластичен сад кој убаво се затвора и ставете во замрзнувач.

Извадете го 30 минути пред служење.

Забелешка
Значи сладоледот не е кремаст и густ како класичниот, но мене многу ми се допадна, па кој сака нека проба.

Ако немате јаворов сируп би можеле да додадете друг засладувач како мед, агаве сируп, сируп од урми..., а наместо ладно цедено маслиново масло може да ставите кокосово масло во течна форма.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани