1. Се става во чаша млако млеко коцка квасец, лажица шеќер, лажица брашно и се остава да надојде. Во остатокот на млако млеко се става преостанатиот шеќер да се растопи.
2. Во подлабок сад се става брашното и се додава надојдениот квасец и млекото со растопениот шеќер, маслото, јајцата, кората од лимон и сувото грозје. Се замесува средно тврдо тесто и се остава добро да нарасне.
3. Овошјето се мие и се остава во млака вода да постои.
4. Тестото се премесува и се дели на 4 дела. Се развива тестото во должина како правоаголник.
5. Врз целото тесто се распоредуваат оревите и сувото овошје по желба било кое. Може и да се притисне со раката овошјето да навлезат во тестото. Се витка во ролат.
6. Така се прави и со преостанатите ролати. Се премачкуваат со жолчка и измешано со 2 лажици вода и се оставаат да киснат уште 15мин.
7. Се печи во загреана рерна на 250С додека да порумени и се смалува на 150С и се печи уште 40мин. За посигурно да не загори може да се стави алу-фолија ПС излегуваат 4ролати.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани