Пред тесто - Тангзхонг.
- Во сад се раствора брашното во сокот од портокалот. Се става на тивок оган и постојано го мешајте за да не загори. Kога ќе почне да се згустува тргнете од огнот, размешајте, преместете на тањир, покријте да не фати кора и оставете да олади.
- . Идеална температура за Тангзхонг е 65степени, не мора да се вари.
За тестото
- Ставете го брашното во садот за месење, се додава во него сите состојки освен путерот и какото или чоколадото. Се меси подолго време. Јас го месам во миксерот и тоа од почетокот на најмалата брзина и постепено ја зголемувам брзината најмногу до средниот степен од брзината околу 10 мин. Потоа се додадава омекнатиот путер и се продолжува да се меси уште 10 мин, додека тестото не стане мазно и еластично.
- Извадете го тестото од садот и поделете на два дела,  за 10-20 гр. нека биде поголемо едното тесто (тоа ќе биде жолтото), а другото тесто вратете назад во садот додадете какао или чоколадо во сосема малку вода растворено и нека се домесува се додека се обои.
- Двете теста засебно ставете во садови, покријте и нека стасаат удвојувајки го обемот. Ова тесто е од тие што бавно стасува,  иако навидум е малку брашно, но малку е и квасец и потребно е околу 1 до 1,5 часа, зависно од просторијата во кога стасува колку е топло.
Двете теста пожелно е да бидат во еднаква тежина.
- Откако стасало тестото се размесува секое, се дели на по три еднакви дела - три жолти - три кафени. Оформете топчиња.
- Земете едно жолто и едно кафено тесто, ставете ги на побрашнета површина едно до друго, со сукало расукајте правоаголна кора, но не многу широка.
-Така расукана кората земете 1/3 од работ на жолтото тесто и преклопете, потоа од 1/3 од работ на кафеното тесто и преклопете - така да двете бои се преклопуваат. Пак со сукалото расукајте - ширината треба да е колку што е широка модлата и замотајте како ролат, ставете во со хартија постелена модла. Така и со второто и третото тесто, при што кога ќе ги ставате, ги ставате наизменично, над жолтото тесто да стои кафеното и обратно.
- Така оформени покријте и пак нека стасува. Повторно побавно стасува. Кога е стасано премачкајте со јајце и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 25 до 30 мин.
- Печено извадете, малку нека олади, извадете од модла, ставете на решетка, покријте и дозволете да сосема олади.
Модлата е во должина од 20 см. а висока 7 см.
Напомена
Иако излгеда дека е многу малку тесто, но кога се олади се сече на тенки парчиња и е сосема доволно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани