Превкусен, мек, сочен, миризлив леб или колач со банани, збогатен со ореви и суво грозје. Топло ви го препорачувам...)))

Подготовката лесна и едноставна.
Се матат јајцата со солцата, па се додаваат шеќерите, маслото, ванилата, па брашното помешано со содата, пецивото, циметот.
На крај бананите, оревчињата и сувото грозје.
Се излева во калап намрсен со масло и посипан со брашно.
Се пече во загреана рерна и тоа околу 1 час на 180 степени.
Нека одмори малку во калапот, па извадете го.
Штом излади, сладете се...
На здравје!
*Да напоменам содата ја измерив и е еднаква на 4 гр. Не сакам кога колачот мириса на сода.
Ванилата е еднаква на 2 мл.
Шољата е од 250 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани