- Најпрво во силиконски калап со форми по желба (јас користев форма на срца),
се става по една лажичка стопено чоколадо со масло, се лади во фрижидер.
- Мелените бисквити (прво ставете 250 гр.), мелените ореви и шеќерот во прав се ставаат во сад и се мешаат.
- Со маргаринот/путерот кој ни стоел на собна температура замесуваме смеса која треба повеќе време да се меша со рака додека да стане компактна, а по потреба се додаваат и останатите 50 гр. мелени бисквити.
- Со смесата се дополнуваат формите од силиконскиот калап, а јас остатокот од смесата го ставив во калап за бајадера обложен со најлонска фолија.
- Штом се стегнат, внимателно се вадат слатките од силиконскиот калап.
- Со остатокот од чоколадото, кој повторно се затоплува, се шара по желба делот од смесата кој беше ставен во калап за бајадера. Кога ќе излади чоколадото се сечат штангли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани