Сезона на цреши, па да ги искористиме најдобро.
Јас подготвив еден сируп од цреши за кој сега ќе ви ги дадам постапките.
Измијте ги убаво црешите и извадете имги семките.
Изгмечете ги добро, па во блендер испасирајте убаво.
Процедете низ ситна цедалка и извадете го максимум сокот од смесата.
Додајте го шеќерот во садот и ставете на оган.
Повремено мешајќи извадете ја пената.
Оставете нека врие 30 минути и тргнете од оган.
Соберете во топло стерилизирано шише.
При конзумација на сирупов ви препорачувам да капнете неколку капки лимета или лимон.
Ќе добиете одличен вкус.
Ова е рецепта за помала дозана цреши, а ако сакате за повеќе дуплирајте ја.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови