Постојат повеќе начини за конзумирање и подготовка на овој напиток.
Свежо набраните листови од коприва и нане се мијат, па се ставаат во нутри булетот, се додава цеден лимон, мед и мраз и ќе добиете убав здрав напиток, без цедење.
Но бидејќи моите деца не го сакаат на тој начин, морав да најдам друго решение.
Јас ќе ви го преставам начинот на кој јас го спремив овој пат.

Во сад на оган ги ставив нането и копривите.
Ги полеав со вода и оставив да се загреат.
Додадов шеќер и мешав додека да се стопи.
Оставив да серастопи само 2-3 минути и го тргнав садот настрана.
Не оставам да врие за да му останат здравите состојки.
Пред да го извадите од оган пуштете прстофат мајчина душичка.
Се трга од оган и се остава да отстои 24 часа.
Се цеди, па се додава свежо цеден сокод лимон, се промешува добро и се полни во стаклен сад.
Се чува во фрижидер.

Употреба

Можете да го користите сирупот како
-раствор за леден чај
-лек - по 2 супени лажици наутро

За што е здрав

-смирување на забрзано срце
-прочистување на крвта
-подобрување на крвната слика
-дава енергијаво текот на денот
-го снижува високиот притисок

Тое е дел од лековитоста на овој напиток.
Лето е, сите ќе ви бидат благодарни ако ги послужите со оовој напиток.
На здравје да ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови