Подготовка
- Се прави дресингот за салатата така што ќе измешате маслото, оцетот, солта, ориганото и биберот.
- Исечете ја тиквичката како шпагети, кромидот исецкајте, доматот на помали коцки и тоа само меснатиот дел, без семките. Се’ ова ставете во садот кај дресингот, додадете ги маслинките - измешајте, ставете во фрижидер да олади и да одстои малку за да се спојат сите вкусови - послужете.
Убава, вкусна и освежувачка летна салата, а вака сирови тиквичките одлично се вклопени овде и допринесуваат за вкусот на салатата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани