Брашното, маргаринот, изварката и сусамот добро се месат. Јас додадов уште неколку фатки додека го месев на работната површина.

Тестото се остава да излади во фрижидер.

Потоа се сучи со дебелина од пола см и се сечи на коцки.

Коцките се редат густо во тава за печење (нараснуваат повеќе во висина), се премачкуваат со разматена жолчка и одозгора се посипува по малку ким.

Се печи на 190С околу 15, 20 мин., односно додека не ја сменат бојата одозгора.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови