Прелесен и превкусен појадок кој нам многу ни се допадна.

- Во сад се соединува урдата, јајцето, брашното, кората од лимон и шеќерот во прав или стевиата. Се добива меко лепливо тесто кое така треба да изгледа.
- На хартија за печење која сме ја набрашниле го ставаме тестото и го делиме на 8 дела. Од секој дел формираме мала округлеста палачинка со дијаметар од 10см која притоа ја валкаме во брашното за да не се лепи при обликувањето.
- На тава во која го додаваме путерот ги пржиме палачинки од двете страни се додека не поруменат.
- За сосот од боровници, во касерола ги ставаме боровниците и кафеавиот шеќер и готвиме околу 5-6 минути на умерена температура, на крај ја додаваме румовата арома.
- Служиме топло, може да се додаде и кисела павлака на страна.

Напомена
Препорачувам да не ја изоставувате румовата арома или румот, дава прекрасен финиш.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови